Медиумите во Англија тврдат дека Френк Лампард ќе го наследи отпуштениот Рафа Бенитез на клупата на Евертон.
„Карамелите“ наводно го договориле ангажманот на поранешниот играч кој нема активности речиси една година откако си замине од Челзи. Тој со „сините“ имаше 44 победи, 17 нерешен и 23 порази.
Евертон иако добро ја започна сезоната, сега се наоѓа пред зоната за испаѓање. Лампард треба да дебитира на клупата на „Гудисон парк“ на 8.февруари против Њукасл.