Менаџерот на Челзи, Френк Лампард ги сподели своите очекувања за натпреварот од 6-то коло во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед.
„Можеме да зборуваме за натпревари во кои најсилните тимови примија многу голови, или натпревари во кои имаше многу пресврти, но тоа не ме интересира. Манчестер Јунајтед е многу силен тим, минатата сезона игравме многу пати со нив и знаеме како беше. Не ме интересира што можеше да се случи на минатите натпревари. Животот е непредвидлив, играта исто така, почетокот на сезоната беше крајно променлив и непредвидлив, но треба да размислуваме само за нас самите. Ние веруваме во нашиот тим. Ајде да видиме како сè ќе излезе во текот на сезоната. Не сакам да се прашувам како сè можеше да биде, особено на самиот почеток на сезоната. Манчестер Јунајтед има одличен тим со одлични играчи и одлична организација. Видовме како делуваа во Париз пред неколку дена. Во шампионатот во моментов екипите се скоро на исто ниво и имаме можност да освоиме тешки бодови, но ќе биде многу тешко“, изјави Лампард за официјалната веб-страница на Челзи.
Натпреварот од Премиер лигата Манчестер Јунајтед – Челзи ќе се одигра денес, 24 октомври со почеток од 18:30 часот.

