Челзи го победи Брајтон со 3:1 во нивниот прв натпревар сезонава во Премиер лигата, а менаџерот Френк Лампард ја пофали играта на своите избраници и истакна дека тие работат заедно само неколку дена, а ова е кратко време да се постигне потребната форма и да се запознаат добро играчите.
„Мислам дека игравме добро. Ми се допаѓа пристапот на играчите кон она што треба да го сторат. Да не заборавиме дека сите работиме заедно само 4 дена. Не можеме да очекуваме дека сè ќе биде совршено за толку кратко време. Покажавме карактер и одлучност. Минатата година лесно ќе изгубевме поени со ваква игра“, рече Лампард.
„Не сакам да се прилагодувам на само една тактичка шема. Имаме 3-4 играчи со одлични карактеристики, но нашата цел е да бидеме флексибилни. Имаме многу играчи со брзина. Во овој поглед не го покажавме најдоброто, но постепено ќе се надоградуваме“, додаде Лампард.

