Менаџерот на Челзи, Френк Лампард го пофали тимот откако го совладаа Лил со 2:1. Ова беше прв успех за лондончани во нивната група од Лигата на шампионите, откако загубија на домашен терен од Валенсија.
„Многу тежок натпревар. Лил напаѓаше добро, а поддршката од трибините беше важен адут за домаќините. Евро-натпреварите никогаш не се лесни кога играте на гостински терен, особено против екипи како Лил. Но, вечерва, работите се одвиваат добро за нас. Бевме должни да победиме откако дозволивме да загубиме на сопствениот терен во првото коло“, рече Лампард.
„Тимот одигра добро, сакам така да продолжат и понатаму. Ајакс е многу силен конкурент и уште еднаш ги демонстрира своите квалитети со победата над Валенсија“, додаде Лампард.