Фудбалерите на Челзи во текот на викендот славеа на теренот на Саутемптон а нивниот тренер, Франк Лампард, вели дека главна алка во тимот е Вилијан кој полека се претвора и во лидер на теренот.
„Мислам дека погодивме во вистинското време и потоа можевме да играме многу полесно. Да се постигнат четири голови на гости не е мала работа. Чувството е убаво. Вилијан се покажа во блескаво издание иако и другите фудбалери беа на висина на задачата. Не чека долга сезона, но, верувам дека можеме да играме многу подобро и да го задржиме ритамот“ – вели тренерот на „сините“.
Неговиот тим по осум кола се наоѓа на петтата позиција во Премиер лигата со 14 бода или 10 помалку од лидерот Ливерпул.