Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, се надева дека неговиот тим ќе победи денеска против Манчестер Јунајтед и дека ќе остане во трката за место што води во Лигата на шампионите. Дербито на колото меѓу „сините“ и гостите од Манчестер ќе биде одиграно доцна вечер на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
„Бев изненаден по првиот меч кога загубивме со 4-0. Нашата игра беше многу подобра и резултатот не беше реален “ – потенцираше Лампард за официјалната страница на клубот.
„Тој ден не се чувствував добро, денеска ќе имаме можност да се корегираме. На претстојните мечеви со Јунајтед и Ливерпул, треба да откриеме каков е навистина нашиот квалитет“ – вели тренерот на лондончани.