Тренерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, пред денешниот меч кај Арсенал во дербито на Премиер-лигата, вели дека неговиот тим ќе се обиде да стигне до трите бода.
„Во лондонско дерби сè е можно. Мислам дека имаме шанси за позитивен резултат“ – вели тренерот на „сините“.
„Се надевам дека со добра игра ќе успееме да ги израдуваме нашите навивачи, Челзи не е тим кој е навикнат на порази“ – потенцираше Лампард.