Френк Лампард денеска беше промовиран како нов менаџер на Евертон на местото на отпуштениот, Рафа Бенитез. Легендата на Челзи и на Англија, на официјалниот чин не го криеше задоволството што по една година се враќа на фудбалските терени.
„Голема е чест да се води клуб со традиција каков што е Евертон. Почувствував голема страст кај газдата и клупските директори“ – нагласил Лампард.
Бидејќи „карамелите“ се наоѓаат пред самата зона за испаѓање со само 20 бодови, Лампард ќе има задача да се избори за опстанок во елитата на Англија.