Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, на последната прес-конференција најави дека нема да отстапи од планот да вклучува во составот млади играчи.
„ Одредувам состав кој треба да ни донесе позитивен резултата, возраста не е значајна. Играта во неделата не беше лоша, но, мора да извлечеме поуки од поразот“ – вели Лампард откако неговиот тим загуби на теренот на Манчестер Јунајтед со убедливи 4-0.
„Немаме вистинска замена за Азар кој беше лидер на теренот, но, ќе мора да го заборавиме и да одиме напред. Челзи и во минатото останувал без големи ѕвезди, но, секогаш одел напред кон нови успеси“ – изјави новиот тренер на „сините“.