Минатогодишниот финалист на Вимблдон, Италијанецот Матео Беретини на социјалните мрежи објави дека бил позитивен на Ковид-19 и поради тоа е принуден да се откаже од натамошен настап на третиот Грен Слем турнир, Вимблдон.
„Срцето ми е скршено. Морам да се повлечам од Вимблдон, бидејќи сум позитивен на Ковид. Имав симптоми на грип, во изолација сум во последните неколку дена. Немам зборови да го опишам екстремното разочарување што го чувствувам. Сонот заврши за оваа година, но ќе се вратам посилен“, напишал Беретини на социјалните мрежи.