Аргентински Ланус победи на гости против Фламенго со 3:2 по продолженија во реванш натпреварот од Јужноамериканскиот Суперкуп и за првпат го освои овој трофеј. Во регуларните 90 минути Фламенгославеше со 2:1 и надомести за поразот од 1:0 на првиот меч, но во дополнителните 30 минути Ланус постигна два гола за конечен триумф.
Суперкупот на Јужна Америка се игра меѓу победникот на Копа Либертадорес (Фламенго) и победникот на Копа Судамерикана (Ланус).
Во 2014 година, Ланус го загуби Суперкупот на Јужна Америка, а досега само два аргентински клуба го освоојуваа овој трофеј, Бока Јуниорс – 4 пати и Ривер Плата – 3 пати.

