Претседателот на фудбалскиот состав Барселона, Жоан Лапорта, откри дека Роберт Левановски одбил многу понуди бидејќи сакал да игра во неговиот состав.
„ПСЖ и Челзи понудија повеќе пари, но, Левандовски се определи за Барселона. Треба да му бидеме благодарни“ – вели Лапорта.
„За него не беа значајни парите, тој сакаше да дојде кај нас. Сега можеме да се насочиме кон засилување на одбраната“ – вели Лапорта.