Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, даде приоритет на потпишувањето на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и лично ќе ги води преговорите со играчот по неуспехот на спортскиот директор Деко, објави шпанското издание „Sport.es“.
Според изворот, Лапорта ќе започне преговори со претставниците на Вилијамс по враќањето од САД, каде што каталонскиот тим беше на претсезонски подготовки.
Исто така се истакнува дела претседателот на Барселона веќе се обратил до компанија која ќе им обезбеди 80 милиони евра за да го ангажираат Нико Вилијамс.
Претходно беше објавено дека преговорите меѓу Атлетик и Барселона влегле во ќорсокак. Баскискиот клуб е убеден дека Нико Вилијамс ќе одлучи да остане во клубот уште една сезона, и се подготвени да му понудат договор со подобрени услови. Самиот играч почна да тренира со Атлетик една недела порано и сними видео порака до навивачите на клубот од Билбао каде порача дека со нетрпение го чека почетокот на сезоната.
Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2027 година.

