Поранешниот претседател на фудбалскиот состав Барселона, Жоан Лапорта, стравува дека капитенот, Лионел Меси може да го напушти тимот откако ситуацијата се искомпликува со потпишување на нов договор.
Аргентинецот ја одработува последната сезона од договорот со Каталонците, но, се погласни се шпекулациите дека може да си замине од Шпанија.
„Сакам тој да остане и по 2021 година, но, се плашам дека погрешните одлуки на челниците може да го натераат да си замине“ -изјави Лапорта.