Иако претседателските избори во фудбалскиот состав Барселона се закажани за догодина, уште сега започна кампањата ако се суди според изјавите на дел од кандидатите за главната функција во клубот.
Имено, Хуан Лапорта кој беше на чело на каталонскиот клуб од 2003 до 2010 година, вели дека ако ја добие довербата на делегатите, ќе го врати на тренерската позиција, Пеп Гвардиола.
„Јас би сакал Пеп да се врати во Барселона. Тој е златен стандард за клубот и знам дека многу Каталонци би сакале повторно да го води тимот“ – изјави Лапорта.