Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги коментира сите актуелни теми околу клубот. Тој призна дека Каталонците повторно заостануваат во однос на финансискиот фер-плеј, бидејќи им требаат 26 милиони евра за да ги балансираат нивните финансии. Лапорта зборуваше за иднината на Бускетс, Дембеле и Лео Меси и неговото заминување од Барса.
„Морав да ги ставам интересите на Барселона над најдобриот играч во историјата на фудбалот. За време на економскиот колапс немав можност да го задржам. Мислам дека тоа беше најдобрата одлука за клубот. Сега тој е играч на ПСЖ, јас повеќе сакам да не зборувам за него. Фокусирани сме на Барселона. Лионел секогаш ќе биде дел од нашиот клуб, би сакал да заврши поинаку. Има неколку опции, но би било погрешно да се зборува за тоа сега. Сè уште сме во контакт. Плачев кога Меси го освои Светското првенство. Беше многу важно за Лео“, изјави Лапорта за шпанското радио.
Тој повтори дека освојувањето на Ла Лига е приоритет број 1 за Барса:
„Сакаме што повеќе трофеи, но Ла Лига е најважна. Имаме постојани разговори со Чави, разговараме за се. Фокусирани сме на освојување на шампионатот и имаме тим да го постигнеме тоа. Нема да има трансфери доколку не се случи нешто неочекувано. Ја завршивме нашата работа летото и тренерот е среќен. Осман Дембеле не е на продажба. Тој е еден од нашите најважни играчи. Ансу Фати исто така не е на продажба. Нема да дадеме 80 милиони евра за Бернардо Силва. Халанд? Ќе видиме како ќе биде во Манчестер Сити. Го имаме Левандовски на кој во моментов му оди многу добро“ изјави Лапорта.