Одбранбениот фудбалер на Шпанија, Емерик Лапорте, нема да биде на списокот за денешниот меч со Хрватска на Европското првенство.
Тоа го потврди и селекторот на „Фуријата“, Луис де ла Фуенте, со напомена дека не станува збор за повреда. Лапорте има одиграно 26 натпревари за Шпанија на кои постигна еден гол.
Неговата селекција денеска од 18.00 часот ќе го има првиот настап на ЕП и тоа против Хрватска.