Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на новиот шампион на Италија – Наполи, откри дека планира да купи повеќе играчи во текот на летото.
Според најавите, 33-годишниот фудбалер од Белгија, Кевин де Бруин, набрзо треба да пристигне во Неапол но, тој нема да биде единственото засилување за новата сезона.
„Ќе играме на четири фронта, ќе мора да направиме трансфери. Работиме на пазарот но, сега нема ништо да откријам“ – рече Де Лаурентис.

