Претседателот на фудбалскиот состав Наполи, Аурелио Де Лаурентис, му одговори на тренерот на Јуве, Андреа Пирло, кој деновиве ја искоментира одлуката дека двете екипи сепак ќе мора се сретнат на зелениот терен иако првично „старата дама“ ги доби бодовите службено.
Целата ситуација започна откако Наполи не замина во Торино со образложение дека има заболени од Ковид-19 и дека мора да ги почитува препораките од здравствените власти кои се косеа со правилата на Серија „А“. Потоа мечот службено му беше доделен на Јуве по што наполитанците реагираа кај повисоките инстанци а нивната жалба беше прифатена.
„Пирло треба да мисли само за неговата работа и за ништо друго. Тој не е адвокат и не ги знае процедурите. Промената на одлуката која ја донесе федерацијата е навистина коректна и принципелна“ – нагласи првиот човек на Наполи.

