Лаутаро Матинез е малку веројатно дека ќе се пресели во Барселона по крајот на сезоната. Раководството на Интер е непопустливо и нема да направи никакви отстапки, што значи дека Аргентинецот скоро сигурно ќе остане на „Џузепе Меаца“.
Интер е во добра позиција затоа што Лаутаро има долгорочен договор и клубот доби значителна сума за Мауро Икарди од ПСЖ и не е под притисок да го продаде. Новинарот Џанлука Ди Марцио ја објасни ситуацијата околу иднината на напаѓачот. Тој може да заврши во Барса само доколку Каталонците ја активираат откупната клаузула вредна 111 милиони евра, или ако платат помеѓу 90 и 95 милиони и го додадат во договорот, нивен фудбалер по избор на Интер. Двете опции не одговараат на Барселона.
Шпекулациите за неговиот можен трансфер сериозно се одразија на формата на Лаутаро Мартинез. Почнаа уште пред паузата поради пандемијата и Аргентинецот е во серија од 6 натпревари во кои не постигнал гол.