Напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација Лаутаро Мартинез изјави дека неговиот претставник преговара со раководството на миланскиот клуб за нов договор.
„Мојот агент работи на нов договор. Многу сум среќен овде, давам се од себе за клубот и моето семејство го сака Милано. Не гледам причина да ја сменам мојата клупска средина и да играм за друг тим“, вели Мартинез во интервју за познатиот инсајдер Фабрицио Романо.
Да потсетиме, аргентинскиот напаѓач настапува за нероаѕурите од сезоната 2018/2019. Оваа сезона 26-годишниот Мартинез одигра седум натпревари за Интер во италијанското првенство, постигна девет голови и една асистенција. Интернет порталот Трансфермаркт ја проценува приближната вредност на Аргентинецот на 85 милиони евра.