Аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез по вчерашното доделување на „Златната Топка“ која по осмипат ја доби Лео Меси, вели дека неговиот репрезентативен колега ќе добиел и повеќе вакви признанија доколку не играше во иста ера со Кристијано Роналдо.
„Меси мораше да ја сподели оваа ера со Кристијано Роналдо. Во спротивно, ќе освојеше 15 Златни топки“, изјави напаѓачот на Интер.

