Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино не крие дека е загрижен за младиот фудбалер, Ромео Лавија, кој се повреди на мечот со Кристал Палас одигран во рамките на Премиер лигата.
„Лавија претходно имаше големи проблеми но, ајде да се надеваме дека сега не станува збор за ништо сериозно“ – потенцираше Аргентинецот.
„Сините“ во изминатото лето за потписот на Лавија платија големи 60 милиони фунти.