Екипата на Спортинг која денеска се соочува со Борусија Дортмунд во првото елиминациско коло во Лигата на фудбалските шампионите, има значајни проблеми во ростерот.
Според информациите од Португалија, првата ѕвезда на екипата од Лисабон, Виктор Ѓокерес, како и играчот од средниот ред, Хидемаса Морита, не се појавиле на вчерашниот тренинг.
Двајцата се под знак прашалник за денешниот меч кој „лисабонските лавови“ ќе го одиграат со „милионерите“ на стадионот – „Хозе Алвараде“ со почетокот во 21.00 часот. Според најавите од Германија, гостите речиси комплетни допатувале на Пиринеите.

