Министерството за внатрешни работи побарало средбата од второто квалификациско коло од Конференциската лига меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија да не се игра во Скопје.
МВР испратило предлог до ФФМ мечот в четврток на 21 јули да се игра во Струмица поради познатата ситуација со протестите во престолнината.
За целиот случај е запознаена и УЕФА која треба да даде зелено светло за промената на локацијата.