Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров по двата пораза од Алашкерт го завршија настапот во Лигата на Европа и тоа уште во првото квалификациско коло.
„Лавовите“ по првиот пораз во Ерменија со 3 спрема 1, денеска загубија и во реваншот од Алашкерт и тоа со убедливи 3-0 по што се простија од евро-конкуренцијата.
На терените на ФФМ, гостите покажаа повеќе и дојдоа до посакуваниот успех. Стрелци на головите за ерменскиот тим беа: Ненадович (21), Галвао (68) и Восканјан (74).