Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беа формирани двојките за четвртфиналната фаза во Купот.
Бранителот на пехарот, Шкендија, во првиот меч во Тетово ќе биде домаќин на Победа. Силекс на домашен терен во Кратово ќе ја пречека Беласица, на теренот на Академија Пандев ќе гостува Кораб додека во градското дерби Македонија Ѓорче Петров во воведниот меч ќе му биде домаќин на Работнички.
Првите средби од 1 /4 финалето во фудбалскиот Куп на нашава земја ќе бидат одиграни на 7 ноември додека реваншите се предвидени за 5 декември.