Нашиот скијач, Мирко Лазарески, не успеа да ја заврши првата велеслаломска трка на Светското првенство кое се одржува во Франција.
Тој направи минимална грешка на стартот и мораше да се повлече од патеката. Другите македонски претставници Јаков Добрески, Борјан Стрезоски и Виктор Петков не ги поминаа вчерашните квалификации.
На светскиот шампионат во Алпско скијање до крајот остануваат уште слаломските трки во машка и женска конкуренција. Тие ќе бидат реалзлзирани во текот на викендот