Првиот човек на Алкалоид, Живко Мукаетов, во придружба на тренерот Кире Лазаров, денеска беа дел од свеченоста по повод отворањето на реновираната сала – „Автокоманда“ во која клубот ќе ги игра натпреварите.
„Чест и привилегија е за клуб како нашиот да има дом. Мислам дека тоа е предуслов, основа и база за понатамошна добра и квалитетна иднина. Во изминатите години од спортски аспект сакам да кажам дека сум презадоволен. Алкалоид почна од првата лига и за само една година влезе во најквалитетната лига“ – вели Лазаров.
Алкалоид во дебитантската сезона во Супер-лигата го освои второто место во групата зад Вардар и си обезбеди место во плеј-офот.