Селекторот Кире Лазаров го одреди списокот на ракометари кои ќе настапат на Светското првенство во Полска и Шведска. На истиот ги нема голманот Марко Кизиќ, крилото Цветан Кузманоски и десниот бек Давид Савревски. Тоа значи дека во Краков ќе заминат:
Голмани: Никола Митревски и Мартин Томовски
Леви крила: Дејан Манасков, Петар Атанасијевиќ
Леви бекови: Филип Талески, Иван Џонов
Среден бек: Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Павле Атанасијевиќ
Десен бек: Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов
Десно крило: Гоце Георгиевски, Ненад Костески
Кружни напаѓачи: Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Костадин Петров
Дефанзивец: Михајло Младеновиќ
Македонија првиот меч ќе го одигра в петок од 20.30 против Норвешка. Потоа ќе дојдат дуелите со Холандија (недела) и Аргентина (вторник).