Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, проговори за утрешниот меч против Холандија (18.00) во рамките на 2 коло во нашата група на Мундијалот во Данска, Хрватска и Норвешка.
„Јас ќе бидам задоволен ако излеземе на терен и ако се бориме 60 минути како што се боревме со Унгарија и претходно на контролата со Хрватска“ – изјави Лазаров.
„Холандија е селекција што не е толку крупна физички и агресивна во нападот и во одбраната како што тоа беше Унгарија, но Холанѓаните ги краси брза игра и мислам дека помалку ни одговараат како ривал“ – нагласи Лазаров.

