Селекторот на нашите најдобри ракометари, Кире Лазаров, определи 35 имиња за делот од подготовките за квалификациите за Европското првенство 2024 година.
По повредата и по пропуштеното ЕП 2022 и квалификациите за СП 2023, во националниот тим се враќа Дејан Манасков, а по подолго време и Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски. Ние сме во група со Луксембург, Турција и Португалија.
На ЕП ќе одат најдобрите две селекции како и најдобрите четири третопласирани од осумте групи. Првиот меч ќе го одиграме на 12 октомври во Скопје против Луксембург додека вториот е на 16 октомври на теренот на Турција.