Селекторот на нашите ракометари, Кире Лазаров, вели дека Тунис ја служи победата на вчерашниот меч во групната фаза на „Президент Купот“.
„Кога имавме гол предност не успеавме да го зголемиме водството. Потоа нашите грешки ги казни противникот. Тунис има подобри играчи а ние го немаме потребното искуство“ – вели Лазаров.
Утре во последното коло Македонија со Мароко ќе решава за второто место во групата додека Тунис ќе излезе на мегдан со Алжир за потврда на првата позиција. Доколку го победиме Мароко ќе разигруваме за 27 место во спротивно ќе се бориме за 29-то.