Информацијата дека фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала, по четврти пат е позитивен на ковид-19, денеска ја демантираше неговата интимна пријателка, Ориана Сабатини.
„Пауло не е позитивен. Не знам која будала измисли таква информација. Мојот тест е негативен. Сега Пауло треба да направи тест“- изјави таа.
Денеска весникот – „Кориере дело Спорт“ објави, дека наводно, Кристијано Роналдо, им „дошепнал“ на медиумите дека Дибала е позитивен се со цел да го одложи неговото враќање во Торино.