Интернационалниот мајстор, Тони Лазов, кој освои сребрен медал на втората табла на Шаховската олимпијада во Будимпешта, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
„Чувството е прекрасно, нема да го заборавам моментот кога со македонското знаме се искачив на пиедесталот. Успехот има посебна тежина бидејќи само јас од сите освојувачи на медали имам титула на интернационален мајстор. Мислам дека и среќата беше на моја страна иако тактички одиграв одлично“ – вели Лазов.
„Сега ќе се насочам кон освојување на норма за велемајстор. За тоа ќе треба да настапам на повеќе турнири бидејќи ќе мора да работам и на остварување на норма“ – нагласи Лазов во интервјуто за Спортско радио кое може да го проследите на следниов ЛИНК https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-toni-lazov-sah-250924

