Вечерва почнуваат реванш 1/4-финалните натпревари од Лигата на Европа. Најинтересно според резултатот на првиот дуел ќе биде на средбата меѓу Олимпик Марсеј и РБ Лајпциг, каде Германците доаѓаат со предност од 1:0 по победата на првиот меч на домашен терен.
Исто така, интересно ќе биде и на натпреварот меѓу Салцбург и Лацио. „Орлите“ победија со 4:2 на првиот натпревар на „Олимпико“, но не можат да бидат сигурни во пласманот во следната фаза, особено што Салцбург е непредвидлив тим кој во минатата рунда успеа да ја исфрли германска Борусија (Д).
Фаворитот на турнирот Атлетико Мадрид исто така има предност од два гола над Спортинг (Лисабон) пред гостувањето во Португалија. Сепак, најдобра предност има вториот голем фаворит – Арсенал. Англискиот го доби првиот натпревар со ЦСКА (М) со 4:1 и во голема мера го гарантираше своето место во следната рунда. Сите дуели вечерва почнуваат од 21.05 часот.