Играчот од средниот ред на Зенит Леандро Паредес се согласил да оди во Милан во зимскиот трансфер период, пренесува „Калчомеркато“.
Спортскиот директор на Милан Леонардо и директорот на одделот за стратегијски развој на клубот Паоло Малдини имале успешни преговори со претставниците на Паредес, а аргентинскиот играч ја изразил својата подготвеност да се приклучи на Милан.
Италијанскиот клуб може да започне преговори со Зенит во јануари. Се претпоставува дека за Паредес, исто така, биле заинтересирани Јувентус и Реал, Зенит сака да добие за играчот од средниот ред околу 30-35 милиони евра.
Во тековната сезона на Руската Премиер Лига, Паредес учествуваше на шест натпревари и постигна еден гол. Според некои анкети Леандро паредес беше најдобриот играч во првиот дел од сезоната на Руското првенство.