Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, по пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите вели дека сака да остане во редовите на „росонерите“.
Актуелниот договор на Португалецот ќе истече во летото во 2024 година а за неговиот потпис се заинтересирани повеќето европски гиганти од Англија, Шпанија и Франција.
„Сакам да останам во Милан. Имам договор за уште една година и преговараме“ – потенцираше напаѓачот на Милан.