Тоа што се очекуваше се случи. Рафел Леао го продолжи договорот со Милан со далеку подобри услови.
Фудбалерот ќе остане на „Сан Сиро“ до јуни во 2028 година и ќе добива плата од пет милиони евра. Секако ќе има и одредени бонуси. Во невиот договор е вметната и клаузула за предвремено заминување во висина од 175 милиони евра.
23-годишниот напаѓач беше купен од францускиот Лил во 2019 година за сума од 35 милиони евра.