Франк Лебеф кој со селекцијата на Франција стана светски и европски фудбалски шампион и имаше блескава кариера во дресовите на Челзи и Олимпик Марсеј, вели дека Вирџил Ван Дајк е покомплетен дефанзивец од Немања Видиќ.
Тој во интервјуто за – „ЕСПН“ запрашан да направи паралела меѓу квалитетите на Холанѓанецот во дресот на Ливерпул и поранешниот репрезентативец на Србија, потенцирал дека Ван Дајк му оставил поголем впечаток.
„Мислам дека Видиќ беше куче и фантастичен дефанзивец. Сепак, Ван Дајк може да го предводи тимот и има одличен опсег на додавање. Мислам дека Видиќ не можеше тоа да го направи“ – потенцираше поранешниот репрезентативец на „галските петли“.