Раководството на Лече реши да му врачи отказ на тренерот Роберто Д’Аверса по инцидентот кога удри противнички играч при поразот од Верона со 0:1.
По завршувањето на натпреварот, тренерот на Лече намерно со глава го идрил Томас Анри.
Во дополнителното време од мечот се во комфликт влегоа дефанзивецот на Лече Марин, Понграчиќ и Анри, а судијата Даниеле Киф им покажа по еден жолт картон. По завршувањето на натпреварот тие продолжија со расправијата, а Д’Аверса се сврте кон нив и со глава го удри Анри, кој падна на колена.
Тогаш судијата им покажа црвени картони на тренерот и на повредениот играч на Верона. Роберто Д’Аверса имаше договор со Лече до крајот на сезоната. Тој го презеде минатото лето и забележа 6 победи од вкупно 30 натпревари во Серија А и Купот на Италија.

