Естер Ледецка од Чешка забележа изненадувачка победа во супер-велеслалом реализиран во Светскиот куп во алпско скијање кој се одржа во Вал д’Изер, Франција.
Второто место го освои Корин Зутер (Швајцарија) додека трето време забележа освојувачката на големиот кристален глобус во изминатата сезона, Федерика Брињоне (Италија). Токму тој редослед го имаме и во врвот на рангирањето во таа дициплина гледано по првата сезонска трка.
Што се однесува до вкупното рангирање во Светскиот Куп, првото место го има Петра Влахов (Словачка) пред Мишел Гисин (Швајцарија) и Марта Басино (Италија). Наредната трка од Светското првенство за жени ќе биде во Земеринг, Австрија на 28 декември. Тогаш ќе се вози велеслалом

