Шпанскиот фудбалски состав Леганес времено ги прекина сите активности и ги затвори вратите на тренинг центарот откако генералниот директор на клубот, Мартин Ортега е позитивен на Ковид-19.
Според соопштението од клубот, сите што имале контакт со Ортега се ставени во изолација. Во текстот се потенцира дека ниту еден од фудбалерите од првиот тим и од стручниот штаб не се во опасност, но, сите тренинзи се откажани поради внимателност.
Во меѓувреме Ортега е пуштен на домашно лекување откако поминал краток период во болница.