Стив Мекманаман, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Англија, потенцира, дека Рахим Стерлинг треба да остане во редовите на Манчестер Сити.
Неговата изјава доаѓа откако брзоногиот голгетер неодамна нагласи дека е среќен кај „граѓаните“, но, ако дојде понуда од Шпанија, тогаш работите може да се променат.
„Манчестер Сити во моментов е подобар тим од Реал Мадрид. Никогаш не знаеме што ќе се случи. Мислам дека Стерлинг треба да ја продолжи кариерата во Англија. Таму се најдобрите клубови во Европа, Ливерпул и Манчестер Сити“ – вели Мекманаман кој еден дел од кариерата ја помина во Реал Мадрид