Директорот на германскиот фудбалски сојуз, Оливер Бироф, предложи наредното издание на Лигата на нации да се одржи во еден град и да има турнирски систем.
„Треба да се има алтернатива. Нешто како мал турнир е веројатно вистинска идеја. Треба да спречиме непотребно патување на репрезентациите. Исто така, треба да има подобра контрола врз самите играчи. Имаме неопходен акционен план и само треба да го спроведеме. За моделот може да ни помогне УЕФА “ – изјави Бироф за магазинот –„Кикер“.
Минхен ќе биде еден од домаќините Европското првенство кое поради пандемијата со корона-вирусот е одложено за догодина .