Тјери Анри кој во минатото беше една од главните ѕвездите во екипата на Арсенал, вели дека е импресиониран од игрите на Ливерпул во тековнава сезона во Премиер лигата. „Црвените“ по вчерашната победа на теренот на Лестер се зацврстија на челната позиција на табелата.
„Мислам дека никој не може да го запре Ливерпул на патот кон титулата. Тимот е фантастичен и нема да престане додека не ја обезбеди титулата“ – вели Французинот.
„Навистина ми се допаѓа начинот на кој игра Ливерпул. Тие се борат на секој дел од теренот и создаваат шанси“ – вели поранешниот напаѓач на „топчиите“.

