Трикратниот светски шампион со репрезентацијата на Бразил, легендарниот Пеле беше вакциниран против коронавирус. Кралот на фудбалот го објави ова на својот Инстаграм профил.
„Денес е незаборавен ден. Бев вакциниран”, напиша 80-годишниот Пеле под фотографијата, на која се гледа дека се вакцината во десното рамо.
Легендарниот фудбалер ги повика своите обожаватели да не забораваат дека пандемијата продолжува и потсети на потребата да се следат хигиенските правила, ако е можно да останете дома и кога сте во јавност да носите маска и да одржувате социјална дистанца.
„Ќе помине ако мислиме на нашиот сосед и си помагаме едни на други“, рече единствениот трикратен светски шампион во историјата на светскиот фудбал.

