Чави Ернандес утре на мечот со Еспањол кој ќе биде одигран на стадионот – „Камп Ноу“, ќе дебитира на клупата на Барселона.
„Морам да им ги пренесам моите идеи на фудбалерите. Ни претстои дерби. Тоа е посебен натпревар. Ние сме Барса и мора да бидеме обединети. Целта е да се победи“ – вели новито стратег на Каталонците.
„Мемфис е многу значаен за нас. Тој може да направи разлика. Може да игра како 9-ка. или како крилен напаѓач“ – потенцираше Чави со напомена дека и Филипе Кутињо ќе добие доволно можности да ги покаже квалитетите.