Кени Далглиш кој се вбројува меѓу легендите на фудбалскиот состав, Ливерпул, денеска е отпушен од болницата во која беше хоспитализиран откако пред неколку денови беше докажано дека е позитивен на корона-вирус.
69-годишниот поранешен играч и менаџер морал да прима интравенска терапија со антибиотици поради инфекцијата која ја предизвикал КОВИД 19. Тој сега е во добра состојба и затоа е вратен во неговиот дом во самоизолација.
„Лекарите се апсолутно брилијантни. Луѓето често мислат дека познатите добиваат подобар третман во здравствените установи, но јас можам да ве уверам дека секој човек е максимално згрижен во болниците“ – изјави Далглиш.