Легендата на Интер, Валтер Зенга, вели дека Италија не треба да ја потценува Македонија во полуфиналето од квалификациите за Светското првенство во Катар на крајот на годинава. Поранешниот голман за весникот – „Кориере дело спорт“ ги коментираше шансите на италијанската репрезентација.
„Се може да се случе бидејќи вечерва е значајна само победата а не секогаш одлучувачки е фактот што тимот е домаќин. Во фудбалот се може да се случи за 90 минути. Противникот има млад тим, но тие постигнаа нешто големо во нивната историја“ – вели Зенга.
„Би рекол дека не треба да се потценуваат. Тие секако имаат квалитети и ќе дадат дури и повеќе од 100 проценти“ – вели некогашниот репрезентативец на Италија.